еМагазин
Image default
Бизнис

Денеска во Ниш се вакцинираа 1.100 македонски бизнисмени

Во текот на денешниот ден, повеќе од 1.100 македонски стопанственици беа вакцинирани во рамки на акцијата која на организираше Стопанската комора на Северна Македонија заедно со Стопанската комора на Србија, во рамките на Коморскиот инвестициски форум, информираат од Комората.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Денес се обедини Југославија“: Твитер реакции за масовнатата вакцинација на македонски граѓани во Србија

Апел од српската Влада: Кој нема термин за вакцинација нека не тргнува од соседните земји, бидејќи нема да биде вакциниран

“Тимовите на Стопанската комора на Северна Македонија, распоредени во спортската сала „Чаир“ во Ниш, Република Србија, на граничниот премин Табановце и во дежурната служба во просториите на Комората, во текот на целиот ден ги преземаа сите потребни активности за процесот да тече непречено и без застои, според дефинираниот распоред.

Во рамки на акцијата координирана од Коморскиот инвестициски форум вакцинација за повеќе од 4.000 стопанственици од Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора се реализираше и во просториите на Саемот во Белград.

Со оваа акција, Коморскиот инвестициски форум и сите стопански комори од регионот со доследна примена на мотото “Еден регион, една економија”, покажаа дека единствено со заеднички сили регионот може да успее да ги надмине последиците од пандемијата и да работи на брзо економско закрепнување“, велат од Комората.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вакцинирани повеќе од 2.000 македонски државјани во Белград, денеска и утре се вакцинираат и 1.700 во Ниш

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маржата и профитот ќе се тргнат целосно или ќе се редуцираат при носењето на следната одлука на цената на струјата, вели Бислимоски

Редакција

Раст на потрошувачките и станбените, пад на автомобилските и картичните кредити

Редакција

„Балкан енерџи“ купува 10.000.000 килограми мазут за топланите во Тафталиџе, Керамидница и Кисела Вода

Редакција