еМагазин
Image default
Македонија

Деркоски: Во избирачкиот список веројатно е дека сè уште се наоѓаат гласачите од Пустец, сè додека ја имаат личната карта и пасош

Во избирачкиот список веројатно е дека сè уште се наоѓаат гласачите од Пустец, сè додека ја имаат личната карта и пасош, вели Оливер Деркоски, претседател на Државна изборна комисија (ДИК) во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

„За Државната изборна комисија списокот е чист во проценти колку што дозволува ситуацијата, затоа што тоа е континуиран процес. На избирачкиот список се наоѓаат сите граѓани кои што имаат државјанство на државата и се полнолетни постари од 18 години. Што значи дека секој што добил пасош и лична карта се наоѓа на избирачкиот список.

Ние не навлегуваме во причините зошто, кој и како добил лична карта. Во моментот кога ќе го добие тој документ тој веднаш влегува во избирачкиот список. Управните постапки кои што се водат во Министерството за внатрешна работа за добивање на лични документи не се наша надлежност.

Доколку има такви граѓани кои се наоѓаат на избирачкиот список треба во иста таква постапка за одземање на правото на поседување на личен документ, лична карта да се спроведе и да им се одземе и тогаш ќе бидат тргнати од избирачкиот список. Се додека не е така, тие се на избирачкиот список.

Исто така на избирачкиот список може да најдете граѓани кои одамна се починати, а се уште стојат на избирачкиот список. Зошто е тоа така? Тоа е така затоа што граѓанин кој што починал може да биде избришан само со лекарска потврда, со документ пријавен од негови роднини и блиски за да можеме да го избришеме од списокот.

Тоа се моментите кои го оптоваруваат избирачкиот список, но не се во драстични размени кои можат да го оштетат избирачкиот процес. Ние во меѓувреме и тие работи ги прочистуваме, ги добиваме податоците ги собираме и се обидуваме колку што можеме да ги сведеме во некоја разумна мерка. Но не секогаш зависат работите од нас и од нашата надлежност затоа што лични документи издаваат други органи“, вели Деркоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Беким Незири не упадна во Контрола на летање и нема никаква врска со инцидентот, тврди неговиот адвокат Миланов

Редакција

Антикорупциска: Незаконски доделени грантови на трговско друштво, чиј сопственик е вработен во АЕК

Редакција

Силјановска со видео и објаснува на јавноста зошто се кандидирала за претседател на државата

Редакција