еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Десет лица повредени во пожарот што попладнево избувна во хотелот „Буши“ во Скопје, од кои двајца потешко

Десет лица повредени во пожарот што попладнево избувна во хотелот „Буши“ во Скопје со возила на Итната медицинска помош се однесени во Градската општа болница „8 Септември“ и на Клиниката за токсикологија, изјави за МИА раководителката на Итната медицинска помош (ИМП), Милица Бубало.

Од нив, посочи таа, двајца се здобиле со потешки повреди.

Додаде дека на лице место екипите на ИМП интервенирале и за други полесно повредени лица кои се пожалиле на тешкотии со дишењето.

Попладнево во пожарот што избувна во хотелот „Буши“ во Старата скопска чаршија биле зафатени дел од рецепцијата и кујната на хотелот, информираа од Противпожарната бригада Скопје за МИА.

Тие потврдија дека пожарот е локализиран.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иако има лесно зголемување на позитивни на Ковид-19 во Скопје и Тетово, нема нови мерки

Редакција

Тим на СЗО во четврток ќе пристигне во Кина за да го истражи потеклото на Ковид-19

Редакција

Синот на Џафери и сопругата на Абази станаа обвинители

Редакција