еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Трагедија во Тетово: Шестгодишно дете се удави во Пена

Шестгодишно дете денеска се удави во реката Пена во населбата Деребој во Тетово.

Според првичните информации, детето најверојатно се лизнало и паднало, во надојдените води на реката.

По него се пуштила неговата мајка, која била бремена, и за малку и таа ќе се удавила доколку не и притрчале на помош соседите.

И покрај акцијата за спасување од припадници на Противпожарната единица и Дирекцијата за заштита и спасување, детето било пронајдено еден километар од местото на несреќата.

„Денеска Тим за брз одговор од ПОЗС – Тетово заедно со пожарникари од ТППЕ Тетово и припадници на Полицијата на Тетово беа ангажирани за пронаоѓање на шест годишно дете, кој според сознанието паднал во Реката Пена. По барањето детето било пронајдено но за жал без знаци на живот,“ информираа од Дирекција за заштита и спасување.

Станува збор за населба во Тетово, каде што жителите живеат во субстандардни услови, и тој дел од реката не е обезбеден.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како ли ви текна: Очајна мерка е да се субвенционираат плати за да си одат административци

Редакција

Кои вакцини против Ковид-19 во Македонија спречија најмногу хоспитализации

Редакција

Во ноември зголемен прометот во индустријата

Редакција