еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Старецот Вартоломеј, игумен на манастир на Света Гора во посета на Св.Јован Бигорски

На наша голема радост, по Божјо благоволение и по благословот на Пресветата Царица Богородица, во нашата Свештена Обител за прв пат пристигна игуменот на светогорската Свештена Обител Есфигмен, Неговото Високопреподобие, Архимандрит г. Вартоломеј, заедно со браќа монаси од својот манастир и во придружба на Високопреподобниот Архимандрит г. Никанор од манастирот на Светите Бесребреници во градот Перник, информираат од манастирот Св.Јован Бигорски.

„На свечениот и официјален манастирски пречек (иподохѝ), од страна на нашиот старец и игумен, Епископ г. Партениј Антаниски, на светогорскиот Старец му беше подарен архимандритски крст од илјадагодишниот јубилеј на Бигорската Обител.

Според манастирскиот типик, ценетиот гостин и неговата придружба беа со песнопенија и ѕвона внесени во Претечевиот храм, каде што беше отслужено пригодно молитвословие.

Нашиот старец, Епископот г. Партениј, го поздрави Архимандритот г. Вартоломеј со едно срдечно слово за добредојде, истакнувајќи го благоволението и љубовта на Игуменијата на Светата Гора Атонска, Пресветата Владичица Богородица.

Имено, по примањето на нашата Црква во литургиско единство од страна Сесветиот Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј, Пречистата силно нè зарадува преку доаѓањето на почитуваните браќа од Света Гора,“ велат од Бигорски манастир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На 24 мај заедничка литургија во Соборниот храм: Делегација на СПЦ предводена од српскиот патријарх г. г. Порфириј во посета на МПЦ-ОА

Фото: bigorski.org.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопје останува блокирано: Продолжуваат протестите на приватните превозници

Редакција

Детали за инцидентот на границата: Приведени тројцата Бугари кои ги навредуваа македонските полицајци на Деве Баир

Редакција

Европска комисија: Македонската економија годинава ќе порасне за 2,1%, главен ризик можната политичка нестабилност

Редакција