Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира десет новозаболени лица од Ковид-19, сите од Куманово, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа.
-Сите новозаболени имале контакти со претходно заболени лица, изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.
Денеска, извршени се 19 тестирања од кои по 15 по „Мој термин“ и четири епидемиолошки тестови.
Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, Kовид дијагностицирани се 1.420, а во моментов активни се 371 случаи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Дебар еден новозаразен со Ковид-19, се очекува бројот да расте
Во Кичево два нови случаи на Ковид-19, едно лице почина
МИА/Фото: Општина Куманово
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.