еМагазин
Image default
Македонија

СЈО ќе се спои со Обвинителство, најави Дескоска

Со новите два законски текста кои веќе се готови, Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе биде дел од Основното јавно обвинителство, изјави министерката за правда Рената Дескоска во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

– Во моментов изработен е текст во Министерството за правда, кој ги сублимира добрите решенија од едниот и од другиот закон и во неговите одредби се содржани одредби кои што го воспоставуваат СЈО како траен орган во системот на ЈО со одредени гаранции на нивна автономија, бидејќи сепак мора да бидеме свесни дека системот што остана зад нас, што беше повод и причина за формирање на СЈО може да се врати било кога. Ние мора да имаме механизам кој ќе биде на некој начин против тежа на ЈО со цел да може да функционираме како држава која гради владеење на правото, изјави Дескоска.

Министерката за правда посочи дека иако СЈО ќе биде дел од ОЈО, сепак, ќе има своја автономија.

Предвидена е и одредба со која ОЈО ги презема предметите што се однесуваат за сторени кривични дела од највисоките функционери. Законските текстови биле ставени на јавна дебата, а добиле и сугестии и од странски експерти.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заврши увидот: Не се најдени остатоци од жената од Челопек, која неофицијално се води како прва жртва на пожарите

Редакција

Новото политичко движење на Изет Меџити ќе се формира на 13. август

Редакција

Негативно мислење и за употреба на името „Цар Борис III“ во називот на бугарскиот клуб во Охрид

Редакција