еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Детален преглед: Колку заразени од корона вирусот има по македонските болници?

Министерството за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти заразени од корона вирусот. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 42 пациенти, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот, а 3 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” примени се 9 нови, вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 115 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починаа уште две лица од корона вирусот, вкупно 519

Нови 155 случаи на заразени од корона вирусот, најмногу во Скопје

Корона вирусот „пламна“ во Геријатриската болница

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мирјана Радевска-Стефкова, Зоран Герасимовски и Ивица Николовски, нови членови на Судскиот совет

Редакција

Османи: Неодржување на првата меѓувладина конференција во декември е неуспех за сите

Редакција

Данела Арсовска за бугарското државјанство: Разочарана сум, како не им е срам да излегуваат со овие небулози

Редакција