еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 818 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 818 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 76 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 70 болни, а во Куманово 118 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 128, во ковид центарот во Гостивар 71, а во Струга 43 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 36 пациент, во Кочани 18, во Кичево 20, Кавадарци 50, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 7 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.296 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата донесе одлука за основање на државен студентски дом во Тетово

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ најави блокада на Собранието ако власта не повлече 12 закони со европско знаменце

Редакција

Касами го исклучи Кастриот Реџепи од Беса

Редакција