еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 830 пациенти заболени и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 830 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 56 болни, а во Куманово 114 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 106, во ковид центарот во Гостивар 64, а во Струга 33 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 10, Кавадарци 56, во Гевгелија 11 лица, а во Дебар 10 позитивни  и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.340 и има околу 150 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 341 болни од Ковид-19, од Скопје 186

Редакција

И државен правобранител во масовна тепачка на деца и родители во Струга

Редакција

Ќе се согласат ли ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со промена на изборниот модел во пресрет на изборите?

Редакција