еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По информацијата дека можеби недостасува еден преживеан, обвинителствата во Македонија и Бугарија ќе ги споредуваат листите на патниците од граничните премини

Веднаш по прес-конференцијата на бугарските органи на истрагата во врска со сообраќајната несреќа што се случи на автопатот „Струма“, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издаде усна наредба до СВР Скопје за обезбедување на листите на патници кои со автобуси на „Беса транс“ ја напуштиле Македонија на 18 ноември 2021 година и листите на патници кои влегле во државава на 22 ноември 2021 година, информираа од Јавното обвинителство.

– Обезбедувањето на листите од граничните премини е со цел да се направи споредба на патниците, бидејќи според изјавата на обвинителот Сарафов недостасува еден патник од запалениот автобус.

Истата постапка ја спроведува и бугарското Обвинителство, кое ги споредува листите од граничните премини за влез на патници од Република Северна Македонија во Република Бугарија на 18.11.2021 година и листите за влез од Република Турција во Република Бугарија на 22.11.2021 година и излез од Република Бугарија кон нашата земја наредниот ден, се наведува во соопштението на Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мистерија дали има уште еден преживеан: Пронајдени 44 тела, преживеан патник тврди дека спасил осум лица, велат од бугарското Обвинителство

Директорот на судска медицина Александар Станков, контра бугарските обвинители: Видов 44 целосни тела и делови од 45 тело

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Кисела Вода меѓу трите скопски општини со најмногу активни случаи на Ковид-19

Редакција

Совет за македонски јазик при Владата: Бугарските академици шират памфлети со низок стил

Редакција

Бензините поскапуваат за два, а дизелот за денар ипол

Редакција