еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 846 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 846 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 77 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 63 болни, а во Куманово 117 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп  128, во ковид центарот во Гостивар 73, а во Струга 34 болни.

Во болницата во Струмица 66 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 21, Кавадарци 36, а во  Гевгелија 13 лица позитивни на корона вирусот.

Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.335 и има 140 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени,“ се додава во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До понеделник може да се знае кога ќе се расправа за францускиот предлог во Собрание

Редакција

Невреме во Грција: Спасен државјанин на Македонија на Халкидики, се трага по уште две лица

Редакција

Манчевски, Ременски и Богоевски ќе сведочат за за насилството во Собрание

Редакција