еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на пациенти со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 814 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информираат од Министерство за здравство.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 70 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекуваат 65 болни, а во Куманово 118 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 111 пациенти, во Прилеп 104, во ковид центарот во Гостивар 49, а во Струга 32 болни.

Во болницата во Струмица лежат 72 пацинети, во Кочани 20, во Кичево 18, Кавадарци 44, а во Гевгелија 9 лица позитивни на корона вирусот.

Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.290 и има околу 130 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зголемување од 1,8%: За една недела 7.486 случаи на Ковид-19

За една недела 372 лица до 19 години заболени со Ковид-19

23 пациенти биле на возраст од 30-49 години: За една недела во Македонија 204 починати од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР: Да не се патува во Авганистан, тие кои се таму да си заминат во најскоро време

Редакција

Советот на јавните обвинители не избра ниту еден од шестте пријавени кандидати за јавни обвинители во ОЈО ГОКК

Редакција

За бугарските социјалисти, дел од Владата, нема потреба да се крева ветото за Македонија

Редакција