Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 16 до 22 ноември покажуваат дека во Македонија за една недела има 204 починати од Ковид-19.
„Во наведениот период пријавени се 204 смртни случаи од 24 града, зголемување од 18,6% во однос на минатата недела.
Во однос на возраста, 155 лица биле над 60 години, 26 лица на возраст од 50-59 години, 18 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 5 случаи во возрасната група од 30-39 години.
Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 128 или 62,7%“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемување од 1,8%: За една недела 7.486 случаи на Ковид-19
За една недела 372 лица до 19 години заболени со Ковид-19
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.