На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти, информираат од Министерството за здравство. Вкупно се хоспитализирани 150 пациенти. На кислородна поддршка се 113 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 деца и 8 позитивни мајки, 3 деца и 2 мајки суспектни на Ковид-19.
Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 48 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 64, а во болницата во Штип се 48 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 294 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Аеродром има над 700 активни случаи на Ковид-19: Детален преглед по скопските општини
Починаа уште 14 пациенти од Ковид-19
Рекордни 870 нови случаи на Ковид-19, во Скопје дури 422
Фото: МЗ