еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 315 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопштија од Министерството за здравство.

Од МЗ наведоа дека по извештаите на болниците кои пристигнуваат кај нив на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19, во болницата во Штип е хоспитализиран 31 пациенти, а на инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти.

– Во Велес се лекуваат 21 болен, а во Куманово 45 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 24 во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 24 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 22 пациенти, во Кочани 2 во Кичево 12, Кавадарци 18, во Гевгелија 3 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти, велат од Министерството.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти собраниската дебата за интерпелацијата на Спасовски

Редакција

Зијадин Села реизбран за претседател на Алијанса за Албанците

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ да престане да манипулира, договорот што го споменува за РЕК Битола е за период од 18 месеци, велат од СДСМ

Редакција