еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 25 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

„Вкупно 251 лице сомнително и потврденио за Ковид -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 7 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 нови приеми на пациенти и 9 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле не биле примени пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 28 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 13 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 28 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 88 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 23 пациенти.

На ГАК има 3 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Вкупно 251 пациент потврден и сомнителен за Ковид- 19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 97 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потрошувачката е зголемена, но нема недостиг од лекови, велат од Министерството за здравство

Редакција

Објавен конкурс за обука на воени пилоти

Редакција

Првообвинетата Лидија Димова не дојде: Одложено судењето на поранешната директорка на Агенцијата за европски образовни програми

Редакција