еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по македонските болници

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 700 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.

Во болницата во Битола е хоспитализиран 56 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид – центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти, во Прилеп 88 во ковид –  центарот во Гостивар 54, а во Струга 36 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 79 пациенти, во Кочани 21, во Кичево 20, Кавадарци 50, во Гевгелија 14 лица, а во Дебар пет позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.197 и има околу 280 празни болнички кревети во ковид – центрите.

„Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, стои во соопштението.

Фото: Министерство за здравство

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се најчестите симптоми кај заболените со Ковид-19 во Македонија

19.7% од заболените со Ковид-19 без симптоми

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 30 пациенти, вкупно се лекуваат 497

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Во живо) Тапани трештат низ Скопје: Продолжува протестот, илјадници граѓани по улиците

Редакција

Вкупно 6.065: Од Ковид-19 починаа 21 лице, најмногу од Скопје, Тетово и Гостивар

Редакција

Во Битола на неделно ниво бројот на лица со Ковид-19 почна да расте за 50%

Редакција