еМагазин
Image default
Македонија

Од денеска ковид-тестирање во Крушево

Од денеска во крушевскиот Здравствен дом почнува да работи Ковид-лабораторијата каде што ќе се земаат брисови. Од Министерството за здравство пристигнаа, првично, 100 брзи теста, а претходно, двајца вработени од Здравствениот дом беа на обука.

Тестирањето ќе се закажува преку матичните лекари и преку Мој термин.

Досега крушевчани за да се тестираат мораа да закажуваат и да патуваат во Прилеп, Битола и други градови. Сега тоа ќе биде во крушевскиот Здравствен дом.

Според локалната самоуправа во Крушево засега е зауздан бранот на новозаразени. Последно, неделно се регистрираат по еден до два случаи. Се надеваат дека ваквото намалување ќе продолжи со почитувањето на мерките.

Во Крушево моментално има 70 активни случаи, а од почетокот на пандемијата вкупно се заразени 155 граѓани.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Битка“ на Македонците и Бугарите за македонскиот јазик на социјалните мрежи

Редакција

Починаа уште тројца пациенти од корона вирусот, вкупната бројка достигна 95

Редакција

И за ВМРО-ДПМНЕ се уште сме граѓани на Република Македонија

Редакција