еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед по болниците: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 836 пациенти од Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 836 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 65 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти.

На  инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 64 болни, а во Куманово 119 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 115, во ковид центарот во Гостивар 59, а во Струга 29 болни.

Во болницата во Струмица лежи 81 пациенет, во Кочани 18, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во Гевгелија 13 лица позитивни на корона вирусот.

Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.314 и има околу 130 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Куманово, Прилеп, Дебар и Велес најмногу заразени со коронавирусот на 100 илјади жители

Редакција

Ќе „летаат“ директорите од енергетскиот сектор, во МЕПСО, ЕСМ…

Редакција

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ информациите за криминалот во РЕК Битола ги доби од член на највисокото раководство на СДСМ

Редакција