еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Детален преглед: Со колку гласови победија Глигоров, Трајковски, Црвенковски и Иванов?

На досегашните пет избори за претседател на републиката беа избрани четворица претседатели. Актуелниот шеф на државата Ѓорге Иванов беше избран од граѓаните во два последователни мандата.

На првите непосредни претседателски избори во 1994 година на гласање излегоа 1.053.761 граѓани, а за шеф на државата беше избран Киро Глигоров со освоени 715.087 гласови во првиот круг на гласање.

Неговиот наследник Борис Трајковски во 1999 година беше избран во втор круг со 582.808 гласови, а на гласање излегоа 1.112.153 граѓани, односно 69,06 отсто. Во избирачкиот список тогаш биле запишани 1.610.340 избирачи.

Следниот претседател Бранко Црвенковски во 2014 година беше избран, исто така, во вториот круг со гласовите на 550.317 од вкупно излезените 909.289 или 53,64 отсто граѓани. Во избирачкиот список имаше 1.695.103 избирачи.

Ѓорѓе Иванов во 2009 година кога за прв пат беше избран за претседател во вториот круг доби поддршка од 453.616 граѓани, а вкупно на гласање излегоа 764.039 или 42,63 отсто од граѓаните. Таа година во избирачкиот список биле запишани 1.792.082 избирачи.

Вториот мандат во 2014 година Иванов го освои со 534.910 гласови, од вкупно излезените во вториот круг 967.676 или 54,38 отсто изибрачи. На тие претседателските избори право на глас имаа 1.779.572 граѓани.

МИА/Фото: Кабинет на претседателот/СДСМ/Википедија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателски избори: За исполнет цензус треба да излезат 723.253 гласачи

Ден на избори: Ќе го изберат ли граѓаните петтиот претседател?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кекеновски поднесе инцијатива за Законот за јазиците пред Уставен, смета дека е донесен без потребниот број на гласови

Редакција

(Галерија) Расцветаа јапонските цреши во Скопје

Редакција

Кој е Бобан Стојановски: Што пишува во биографијата на новиот член на ДИК?

Редакција