еМагазин
Image default
Локално

Детали од МВР: Кривични и прекрошочни казни за свадбата во Глумово

На 18.10.2020 во периодот од 20.00 до 23.30 часот полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирусот, во угостителски објект во с.Глумово – Сарај, информира МВР.

„Притоа, во објектот, сопственост на Б.Ј.(35) од с.Глумово, се одржувала семејна веселба (свадба), на која биле затекнати 250 лица. Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи ќе бидат поднесени кривична пријава по чл.206, за непочитување на одлуките од Владата на Република Северна Македонија во врска со Ковид-19 и прекршочни платни налози по чл.6 од Уредбата на Владата на Република Северна Македонија за неносење на лична заштита на лицето.

Министерството за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, продолжуваат со засилените контроли во објекти во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус и санкционирање лица кои не ја почитуваат Уредбата за носење лична заштита на лицето“, соопшти МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Акција на МВР и Пазарната инспекција: Спречена свадба во Глумово со 300 гости

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Возило заврши на покрив од воденица по излетување од пат кај Македонска Каменица

Редакција

Приведени полицајци кои без заштита се забавувале во Куклица

Редакција

Кривична пријава против тројца кавадарчани за фалсификување пари

Редакција