На обиколница „Мајка Тереза“, во близина на клучка Радишани, синоќа се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(49) од с.Горно Нерези, скопско и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.В.(45) од с.Трубарево, скопско, велат од МВР.
Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала К.В.(40) од Скопје, сопатничка на мотоциклот, додека со телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Со телесни повреди се здобиле Р.И. и сопатникот од возилото Е.К.(45) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.