Дете од еден од клоновите на струмичката градинка „Детска радост“ од Струмица е позитивно на тест од коронавирусот, потврди директорот, Васил Бубев.
Според информациите детете не било носено во градинката од понеделникот, а вирусот го добило од член на семејството.
-Преземени се сите мерки за ширење на вирусот, а децата од таа група, воспитувачите и родителите се изолирани, рече директорот Бубев.
Во последните денови во Струмица секојдневно се бележи зголемен број на заразени од Ковид-19, а само вчера беа регистрирани 18 нови случаи, а во последните два дена починаа тројца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Четири нови случаи на Ковид-19 во Кавадарци
МИА/Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.