еМагазин
Image default
Македонија

Дете позитивно на Ковид-19 стави во изолација 2 вработени и 13 деца од градинка во Неготино

Две вработени и 13 деца од неготинска градинка се во изолација, откако дете добило позитивен резултат на Ковид-тест. Извршена е дезинфекција во градинката. Информацијата ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

„Во Тиквешко има осум нови случаи позитивни на коронавирусот. Три во Кавадарци, четири во Неготино, еден во Демир Капија. Сите се на возраст од три до 81 година. Едно лице од Кавадарци е хоспитализирано на клиника во Скопје“, појасни Јовановски.

Тој додаде дека се работи на утврдување на контактите на новозаболените, со цел да се изолираат.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по скопските болници

Редакција

Две седмици од исчезнувањето на Мартин на Халкидики: Авион денеска ќе го прелета и делот околу Еврос и островот Тасос

Редакција

Досега вакцинирани 3.759 здравствени работници

Редакција