еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Девет деца заразени со салмонела во скопски Карпош, затворени кујните во три училишта

Од Општина Карпош информираат дека кујни во три училишта и магацинскиот простор во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Општината се затворени откако се потврдени случаи на девет деца заразени со салмонела.

Во ООУ „Војдан Чернодрински“ се заразени три ученици, во „Владо Тасевски“ пет, а во „Јан Амос Коменски“ има еден ученик заразен од салмонела, посочуваат од таму.

-Во ООУ “Војдан Чернодрински” од 180 ученици кои се хранат во училишната кујна (појадок и ручек), само кај три ученици од Центарот за јавно здравје има потврда дека имаат салмонела.

Во ООУ “Јан Амос Коменски” од 350 ученици кои се хранат во училишната кујна (појадок и ручек), само кај еден ученик е потврдено дека има салмонела. Во двете училишта станува збор за ученици од прво одделение.

Во ООУ “Владо Тасевски” има потврдени пет случаи од 1 до 4 одделение, од 350 деца кои примаат храна во училиште, информираат од таму.

Како што информираат од таму, во петокот за појадок имало мекици без јајца, а за ручек спанаќ без месо со кисело млеко.

Во текот на вчерашниот и денешниот ден се земени брисеви од сите работни површини во сите основни училишта, а резултатите ќе бидат познати во сабота.

– Фирмата која врши снабдување со храна во сите основни училишта во Карпош сама побарала вонреден преглед. До добивањето на резултатите ќе бидат затворени кујните во овие три училишта, како и кујната во ООУ “Димо Хаџи Димов“, каде што нема регистрирани случаи, но е сместен магацинот од каде се снабдуваат другите училишта, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Свири крај“: Граѓаните во Скопје продолжуваат да „спасуваат“ пари од уништување преку корупција

Редакција

Пендаровски го осуди нападот на секретарот на бугарскиот клуб “Цар Борис Трети“

Редакција

Либанската Влада поднесе оставка, но протестите продолжуваат

Редакција