На вчерашната седница, Владата донесе измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на 15 јули 2020 година со дополнителен Член 5-а со кој се утврдува дека доколку не се исполнети просторните услови на просторијата во која е сместено гласачкото место или просторијата каде што треба да се спроведува гласањето Државната изборна комисија (ДИК) може да определи друг соодветен простор кој ги исполнува условите за спроведување на гласањето.
Со измените на оваа Уредба, се регулираат и правилата за платено политичко рекламирање за политичките партии, како и правилата за обврската на медиумите за бесплатно да ги емитуваат информативните и едукативните кампањи на Државната изборна комисија, кои се определуваат во траење од 30 секунди на секој час.
Измените и дополнувањата на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието ги утврдува и правилата за распределбата на рекламниот простор на интернет порталите и во печатените медиуми наменет за платено политичко рекламирање, како и начинот и правилата за распределбата на финансиските средства за платено политичко рекламирање обезбедени од Буџетот согласно член 76-д од Изборниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Специјалната мисија на ОБСЕ нема сеопфатно да го набљудува гласањето на изборите
Џафери го потпиша Решението за распишување на предвремените избори на 15 јули