еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нов црн рекорд: 12 починати од корона вирусот, петорица од Скопје

Од Министерството за здравство информираат дека се очинати 12 лица поради компликации од Ковид-19, пет пациенти од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар.

Оваа е најголема бројка на починати за 24 часа.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти од Струга на возраст од 60 и 66 години, пациент од Тетово на возраст од 49 години и пациент од Скопје на 72 години.

Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица, тројца пациенти од Скопје на возраст 56,69 и 75 години и пациентка од Велес на 68 години.

Во болницата во Штип е починат пациент на возраст од 81 година. Во Гостивар е починат пациент на 70 години.

Во Тетово е починат пациент на 62 годишна возраст.

Во Институтот за белодробни заболувања за деца- Козле почина пациентка од Скопје 83 години, потврдена позитивна денес“, велат од Министерството.

Вкупниот број на починати е 298.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чаир недостижен: Детален преглед на заразени со Ковид-19 по скопските општини

Нови 132 лица заразени со корона вирусот, во Скопје 57

Убава вест: Од корона вирусот оздравени 112 пациенти, од Скопје 42

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Дебар два нови случаи на Ковид-19

Редакција

(ВИДЕО) Ќе се вакцинира и Меркел: Со вакцината на “АстраЗенека“ се вакцинираа британскиот, францускиот и словенскиот премиер

Редакција

Фондот за пензиско осигурување мора да позајмува пари за навремена исплата на пензии

Редакција