еМагазин
Image default
Бизнис

Трговците ќе треба да ги означат производите за кои ќе се плаќа со картичките „Купувам домашно“

Владата ја измени и дополни Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба.

Со измените, правните и физички лица во објектите за трговија на мало се должни да обезбедат посебно обележани рафтови, гондоли и слично, со ознаката „Купувам домашно“ на кои ќе бидат изложени македонски производи за продажба на лицата корисници на финансиската поддршка од оваа уредба со законска сила, или да ги означат со видна ознака/етикета/налепница „Купувам домашно” заради нивно лесно препознавање.

„Согласно Уредбата, за прометот на македонски производи и услуги, правните и физички лица издаваат фискална сметка која задолжително содржи линија за вкупен промет остварен од македонски производи со текст „промет од македонски производи“, пресметан данок на додадена вредност од македонски производи прикажан по даночни стапки и вкупен износ на данок на додадена вредност од македонски производи.

Уредбата ги задолжува правните и физички лица вршители на стопанска дејност што вршат оn-line продажба преку интернет страници посебно да ги издвојат македонските производи и услуги и да ги означат со видна ознака/стикер „Купувам домашно”, како и да постават известување на видно место на насловната страна на интернет страницата, како и на страната за плаќање, со кое ги известуваат купувачите дека со домашната платежна картичка може да плаќаат само македонски производи и услуги кои се означени со ознаката „Купувам домашно”“, соопшти Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Како да проверите дали сте корисник на домашна платежна картичка?

Сите детали: Кои банки ќе ги издаваат новите платежни картички за домашни производи?

Сите детали за новите платежни картички: Кој ќе добие пари за купување македонски производи и услуги?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Медицинската опрема од Брако барана во Европа и САД

Редакција

НЛБ Банка наградена за најдобра банка во категорија „Поврат на капитал“ oд реномираниот магазин „Finance Central Europe“

Редакција

Трифун Костовски го продава „Еуролинк осигурување“

Редакција