еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Сите детали за новите платежни картички: Кој ќе добие пари за купување македонски производи и услуги?

Во Службен весник е објавена Уредбата на Владата со која се уредуваат условите, начинот и постапката на финансиска поддршка преку платежни картички за купување домашни производи и услуги.

Станува збор за финансиската поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица на возраст од 16 до 29 години и здравствени работници кои учествуваат во тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од корона вирусот, а заради поттикнување на приватната потрошувачка и купувањето македонски производи и услуги во услови на намалена економска активност условена од здравствено-економската криза

КОИ КАТЕГОРИИ ГРАЃАНИ ИМААТ ПРАВО НА ПОМОШ ПРЕКУ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА

„Граѓани со низок доход“ се полнолетни државјани на земјава кои се приматели на социјална помош (лица од домаќинство кое користи право на гарантирана минимална помош; лица од домаќинство кое користи право на детски додаток; лица од домаќинство кое користи право на додаток за образование; корисник на право на социјална сигурност за старите лица и негов брачен другар или лице со кое живее во вонбрачна заедница) или невработени лица кои активно бараат работа евидентирани во Агенцијата за вработување заклучно со 22.05.2020 година, а кои за 2019 година оствариле годишен доход во нето износ не поголем од 180.000 денари и за периодот јануари-април 2020 година оствариле доход во нето износ не поголем од 60.000 денари согласно со евиденцијата на Управата за јавни приходи.

„Вработени лица со низок доход“ се државјани на земјава кои се во работен однос и кои за периодот јануари-април 2020 година оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето износ не поголем од 60.000 денари на ниво на полно работно време, согласно со евиденцијата на Управата за јавни приходи.

„Млади лица“ се државјани на земјава со наполнети 16 години и не постари од 29 години на 22.5.2020 година, кои се активни учесници во формалното средно образование и високото додипломско образование согласно со евиденцијата на Министерството за образование и наука.

„Здравствени работници кои учествуваат во тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од корона вирусот“ се државјани на земјава вработени во јавните здравствени установи во Клиника за инфективни болести, Институт за јавно здравје, центри за јавно здравје, членови на тимовите за Итна медицинска помош, лица вработени во инфективните одделенија на општите болници и ангажирани работници во други одделенија кои повремено биле ангажирани во инфективните одделенија на соодветната јавна здравствена установа респективно за времето на ангажирање согласно со евиденцијата на Фондот за здравствено осигурување заради тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од корона вирусот.

ЗА КАКВИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ ПОМОШТА

„Македонски производи“ се производи и стоки за финална потрошувачка произведени од правни и физички лица вршители на стопанска дејност, резиденти на Македонија, освен алкохолни пијалаци, тутун и преработки на тутун.

„Македонски услуги“ се услуги направени од правни и физички лица вршители на стопанска дејност, резиденти на Македонија.

КОНЕЧНАТА ЛИСТА ДОБИТНИЦИ ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕНА НА ПОСЕБЕН САЈТ, ПОМОШТА МОЖЕ ДА СЕ ОДБИЕ

Конечната листа на корисници на финансиска поддршка со податок за името и презимето на корисникот и банката издавач на платежната картичка, Генералниот секретаријат на Владата ја објавува на www.kupuvamdomasno.gov.mk во рок од пет дена од денот на влегување во сила на оваа уредба со законска сила.

Корисник на финансиска поддршка од оваа уредба со законска сила има право да ја одбие финансиската поддршка во рок пет дена од денот на објавувањето на Конечната листа од овој став. Одбивањето на финансиската поддршка се врши преку www.kupuvamdomasno.gov.mk, односно преку банка издавач на ДПК, во писмена форма или преку е-маил, во спротивно се смета дека финансиската поддршка уредена со ова уредба со законска сила се прифаќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влада: Платежни картички од 9.000 денари за 100.000 граѓани за купување домашни производи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државниот пазарен инспекторат вработува 16 лица, плата до 25.023 денари

Редакција

ЈСП-Скопје во првото полугодие со загуба од 139 милиони денари

Редакција

„Полека, полека, Шутка ко Халкидики станува. Исто друштво, иста забава“: Твитер за приведувањето на Јанакиески, Вељаноски и Ристоски

Редакција