еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ДИК: Излезноста до 13 часот е 20,76%, на 11 места било прекинато гласањето

Излезноста на гласачите до 13:00 на Локалните избори е 20,76 отсто, соопшти на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.

Податоците на ДИК се од 2.519 гласачки места односно 72,39 отсто. На гласање излегле 237.476 гласачи.

Даштевски соопшти дека на шест избирачки места се гласа на стариот начин со УВ ламба и со спреј.

Едното е во Старо Нагоричане, се работи за планинско место, треба да се стаса со теренско возило, а има само 15 гласачи. Поради тоа, тој како што кажа, потпишал решение да се гласа на стариот начин.

Даштевски информираше дека на 11 места имало прекин повеќе од еден час каде што имало сериозни технички проблеми.

-Сега за сега нема прекин на гласањето повеќе од три часа, соопшти Даштевски.

Претседателот на ДИК рече дека направен бил увид во неколку избирачки места каде што имало редици за гласање и појасни дека гужви се создавале затоа што во гласачкото место се пуштал по еден гласач. ДИК упатила упатство на избирачките места да се пуштаат онолку гласачи, колку што има паравани за гласање.

Даштевски уште еднаш ги повика граѓаните да излезат и да гласаат на Локалните избори. 

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото/видео) Борисов снимен во спална, а покрај него пиштол, евра и злато

Редакција

Филипче нема проблем да се вакцинира со вакцината на „АстраЗенека“: Сите вакцини кои ќе пристигнат се безбедни

Редакција

Османи: Бугарија има право на вето, но шест месеци е предолг период во контекстот во кој се наоѓа регионот

Редакција