еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

ДИК: Излезноста до 13 часот е 24,87%

Излезноста на гласачите  на вториот круг од Локалните избори до 13 часот е 24,87 отсто.

Гласале 269.674 гласачи, што значи дека излезноста е поголема од минатиот прв круг во ова време, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.

Тој информира дека по општини, во Вевчани на гласање излегле 52,46 отсто, Ранковце – 47,76, Демир Капија -44, 41, Конче – 42,65, Пехчево -42,18, Демир Хисар – 39,68 отсто…

Досега, како што рече Даштевски, мала излезност има во Сарај – 9,74 отсто, Теарце – 15,85 и Шуто Оризари -15,08 отсто.

Даштевски оцени дека денеска е многу мирен избирачки ден, нема пријавено никави проблеми со уредите за биметриска идентификација на гласачите. Нема пријавено дека некој не е пронајден во Избирачкиот список и апелираше така да продолжи до крајот на денот.

-Во текот на денешниот ден има 178 приговори, од кои 157 се прифатени, 12 се одбиени, а девет се за гласачи кои биле во избирачки списоци, информира Даштевски.

Апелираше до сите општински изборни комисии и избирачки одбори да обрнат внимание до овластените претставници, т.н.набљудувачи и новинари.

Даштевски информира дека во вториот круг од Локалните избори нема создавање редици и додаде дека тој своето избирачко право го остварил околу 12 часот.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клиника Жан Митрев нуди имот за одблокирање на сметките

Редакција

Директорката на Клиниката за кожни болести Нина Цаца Биљановска ќе биде разрешена во прва прилика

Редакција

Од денеска во Косово и Албанија со лични карти и меѓусебно признавање на стручните дипломи

Редакција