еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ДИК: Излезноста до 17 часот е 42,85%

Излезноста на гласачите на вториот круг од Локалните избори во 44-те општини каде што се избираат градоначалници до 17 часот е 42,85 отсто. Податокот е од обработени 83,29 отсто од избирачките места или 2.044.

По општини најголема излезност има во Вевчани 75,6 отсто, Конче 73,15, Ранковце 71,02. Над 60 отсто имаат Пробиштип, Пехчево, Дебар Македонски Брод, Демир Хисар, Лозово и Демир Капија.

Најмала е излезноста во Сарај 23,41, Шуто Оризари 28,48 и Боговиње 30,23 отсто.

Портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК), Љупка Гугучевска на прес-конференцијата во ДИК соопшти дека на ниво на Град Скопје од 89,93 отсто обработени избирачки места односно 616, на гласање излегле 39,99 отсто од гласачите.

Гугучевска ја соопшти и излезноста во некои од скопските општини – Аеродром 42,37 отсто, во Бутел 36,65 отсто, Гази Баба 38,18 отсто, Ѓорче Петров 40,75 отсто, Карпош 47,05 отсто и Шуто Оризари 28,48 отсто.

До ДИК пристигнале 433 приговори за лично избирачко право од кои 378 се прифатени, 34 се одбиени и 21 запипшани во Избирачкиот список.

Гугучевска соопшти дека до ДИК нема пријава за инциденти.

Освен на тие девет избирачки места за кои беше известено претпладнето и каде се надминати проблемот, до 17 часот нема пријавено други проблеми на избирачките места.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И македонската економија губи од загадувањето

Редакција

Кривична за Ацо Спасеновски, како министер за земјоделство овозможил незаконска исплата на 7,3 милиони денари

Редакција

Повредениот во сообраќајката кај Штип кој беше пренесен во Скопје е во стабилна состојба

Редакција