еМагазин
Image default
Македонија

ДИК утре ќе ги врачи уверенијата за пратеници на ДПА и Левица

Државната изборна комисија (ДИК) вчера одржа свечена седница на која беа поделени уверенијата за избраните пратеници, согласно резултатите од Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 2020 година.

„На самата свечена седница, беа подигнати уверенијата на избраните пратеници од Коалицијата „Можеме“, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, како и Демократската Унија за Интеграција –ДУИ.

По завршување на свечената седница, во просториите на Државната изборна комисија, уверенијата за избраните пратеници на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, беа подигнати од страна на нивниот овластен претставник.

Уверенијата за избраните пратеници на политичката партија Левица и уверението за избран пратеник на Демократската партија на Албанците – ДПА, сè уште не се врачени. Истите ќе се врачат во понеделник кога или избраните пратеници или овластени лица од страна на наведените политички партии ќе ги подигнат од Државната изборна комисија,“ информираат од ДИК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДИК ги врачи уверенијата за новите пратеници: Не ги подигнаа само ДПА, Алијанса за Албанците и Левица

ДИК ги објави конечните резултати: СДСМ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15 АА 12, Левица 2 и ДПА 1 мандат

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државна ревизија со забелешки за капиталните расходи во образовната инфраструктура

Редакција

Нови дојави за бомби во училишта во Скопје

Редакција

АХВ: Работиме на создавање услови за решавање на проблемот со бездомните кучиња

Редакција