еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Димитров никако да стигне до Букурешт: Авионот од Виена не можел да слета поради магла

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров на неговиот фејсбук-профил објави дека не може да стигне до Букурешт, за неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки и кандидати за членство во ЕУ.

„Авионот од Виена не можеше да слета поради магла. Ќе пробаме преку Љубљана и Минхен да стигнеме во Букурешт – за неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки и кандидати за членство во ЕУ. Ако и тоа не успее, одиме со кола. После толку чекање, мора да се биде упорен“, напиша Димитров на неговиот фејсбук-профил.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

67% од новите случаи со Ковид-19 во последните пет месеци се невакцинирани

Редакција

Вработен на Инфективна позитивен на конго-кримска хеморагична треска и е хоспитализиран

Редакција

Г.г. Стефан: Повикуваме на прифаќање на мерките, чување на здравјето, навремено примање лекови и вакцини

Редакција