еМагазин
Image default
Македонија

Димитров за новата методологија за преговори со ЕУ: Нема од што да се плашиме

Министерот за надворешни работи Никола Димитров за новата методологија за преговори со ЕУ вели дека: „придонесува за зајакната политичка димензија, но исто така и за повеќе динамизам, предвидливост и кредибилитет на процесот.“

„Веруваме дека овој обновен пристап ќе резултира со двојна победа во наредните недели: отворање на преговорите заедно во усовршен процес. Ние, во регионот, немаме од што да се плашиме од воведувањето на реверзибилноста. Најпосле, пристапниот процес постои да ги трансформира реалностите на теренот кон подобро.

Повеќе бенефиции за реформаторите и повеќе санкции за тие кои одат назад врз основа на кредибилна објективна оценка за напредокот е чекор напред. Крајно време е за лансирање на здрава реформска конкуренција во нашиот регион,“ вели Димитров во пишана изјава.

Европската Комисија (ЕК) новата методологија треба да објави денес.

ЕК инсистира на тоа дека не станува збор за промена на процесот за зачленување во ЕУ, туку за негова ревизија со цел тој да стане подинамичен и поефикасен. Последната ревизија на овој процес е од 2003 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова методологија за преговори со ЕУ: Секоја членка ќе може да го „замрзне“ процесот за новите кандидати

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови рочишта за „Таргет-Тврдина“, „Тарифа“ и „Титаник 3“ на СЈО

Редакција

Дали Љупчо Палевски Палчо убил и другпат?

Редакција

Со сведочење на Нинџа продолжува судењето за „27 април“

Редакција