еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски размислува да се кандидира за лидер на СДСМ

Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски утре ќе соопшти дали ќе се кандидира за претседател на СДСМ, а денешниот ден, како што вели, ќе го искористи за да се исконсултира со најблиските и семејството.

-Сериозно размислувам за тоа. Член сум на партијата 25 години и сум поминал различни нивоа од почетното најниско, до член на највисоките раководни структури на партијата. Сметам дека имам реални резултати во мојот професионален ангажман, така што сметам дека можам да понудам и нов концепт околу кој ќе се обединат не само партијата, туку и општеството.

Одлуката не е лесна. Предизвикот е голем, времето е доста комплицирано и одговорноста е голема.

Одлуката ќе ја соопштам утре, бидејќи сакам денеска да го искористам денот да се исконсултирам дополнително со моите најблиски и со моето семејство, зашто и нив ги вовлекувам исто така во целата приказна, рече Деспотовски во одговор на прашање на денешната средба со новинарите во Дирекцијата на ТИРЗ.

Прашан за коментар за кандидатурата на Фросина Ременски и Димитар Ковачевски за лидер на СДСМ, Деспотовски рече дека не би коментирал околу луѓе, туку смета дека треба да се дискутира каков човек и е потребен на партијата и како да им помогне на луѓето.

-Добро е што има повеќе кандидатури затоа што го покажува демократскиот капацитет на партијата и дека има луѓе што се подготвени во комплицирано време да понесат одговорност и се справат со предизвици.

Мене само ме радува што има поголем број на кандидати за лидерското место во партијата, но не мислам дека дискусијата треба да се води за тоа кој, туку за тоа каков човек треба да биде и како да им се излезе во пресрет на луѓето, а не на партијата, потенцира Деспотовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема амбиции за премиер: И Зечевиќ сака да се кандидира за претседател на СДСМ

И Фросина Ременски кандидат за претседател на СДСМ: Каков имот пријавила?

Ковачевски по поднесување на кандидатурата за претседател на СДСМ: „Одлуките ќе ги носам врз основа на мојот интегритет и работа“

МИА/Фото: Фејсбук/Деспотовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарската страна во Комисијата за историски прашања ќе бара вонреден состанок до крај на август

Редакција

(ВИДЕО) Стотина лица без маски и без дистанца се журкаа пред Музејот на Македонија, МВР најавува казни

Редакција

На Груевски ќе му се суди и за „Белата палата„: Одобрен обвинителниот акт за „Талир 2“

Редакција