еМагазин
Image default
Македонија

Дисциплинска комисија ќе одлучува како ќе се постапи со наставникот кој насилнички се однесуваше кон ученикот во Бутел

Во училиштетото „Панајот Гиновски“ во Бутел е започната постапка за формирање дисциплинска комисија која треба да ги утврди околностите, и да одлучи, како ќе постапи со наставникот по англиски јазик, кој физички се пресмета со ученик од седмо одделение, што ја згрози јавоста преку објавеното видео на „Тик Ток“, објави „Телма“.

„Денеска во училиштето беа инспектори од Државниот просветен инспекторат чии констатации од записникот јавноста ќе ги дознае утре,“ вели за телевизијата директорката на училиштето, Ќамуран Реџа.

Јавноста е потресена од видеото на кое се гледа како наставникот му удира шлаканици на детето, а потоа го крева за рацете и го треска.

Директорката на училиштето случајот го пријави во МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не e само училиштето во Бутел: „Тик Ток“ мрежата се почесто открива вербално и физичко насилство од страна на наставниците врз учениците

(Вознемирувачко видео) Наставник шамара ученик во основно училиште во Бутел, го крева на раце и го треска

На разговор во МВР повикани лицата инволвирани во случајот со училиштето во скопски Бутел

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Графикон) 81 случаи од заболените од коронавирусот во Македонија се импортирани

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ не е против внесувањето на Бугарите во Уставот, вели Мицевски

Редакција

Мицкоски бара бремените жени да се ослободат од работа и од приватниот и од државниот сектор

Редакција