Малопродажната цена на дизелот од полноќ се намалува за 2,50, а на екстра лесното масло за домаќинство за 2 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на дизелот ќе биде 104 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 103 денари за литар.
„Еуросупер БС-95“ и натаму ќе чини 109,00 ден/лит, „Еуросупер БС-98“ ќе се продава за 111,50 , а Мазутот М-1 НС за 53,305 денари.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.