еМагазин
Image default
Македонија

До ДИК пристигнале 13 приговори, седум од ТМРО и шест од СДСМ

До Државната изборна комисија (ДИК) до денеска заклучно со 15 часот поднесени се вкупно 13 приговори за постапката за гласање и постапката за сумирање и утврдување на резултатите.

– Поднесени се седум приговори од подносителот политичка партија ТМРО, кои се однесуваат на постапката за сумирање и утврдување на резултатите во избирачките места 1156, 1178, 1157, 1182, 1183, 1176 и 1181 во Општина Старо Нагоричане, соопшти ДИК.

Државната изборна комисија информира дека се поднесени и шест приговори од Коалицијата предводена од СДСМ, кои се однесуваат на постапката за гласање, односно постапката за сумирање и утврдување на резултатите на избирачките места 2966/1 и 2958/1 во Општина Шуто Оризари, избирачкото место број 1612 во Општина Конче и избирачките места 835, 874 и 865 во Општина Кочани.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Кој се е осомичен во “Рекет 2“

Редакција

ИРЛ, Радио МОФ и Види Вака наградени за новинарски стории на тема поврзани со загадувањето на воздухот

Редакција

Одбраната на Камчев бара меѓународен мониторинг на судењето и на неговото право на „правично судење пред непристрасен трибунал”

Редакција