еМагазин
Image default
Бизнис

Препорака од Владата до спортските канали да воведат коментирање на македонски и на албански јазик

Владата им препорача на сите радиодифузери што реемитуваат спортски содржини на територија на државата најдоцна до 31 декември да започнат да ги имплементираат одредбите од Конвенцијата на ЕУ за прекугранична телевизија и да ги емитуваат спортските медиумски сервиси на македонски и на албански јазик.

Како што соопшти владината прес-служба, оваа препорака е донесена на денешната 117-та седница на Владата.

Препораката е врз основа на Извештајот на Работната група за изнаоѓање начин за регулирање на јазично покривање на македонски и албански јазик на спортските канали кои се реемитуваат на територијата на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цените на производите на Жито Лукс остануваат исти и нема потреба од залиха

Редакција

„Макпетрол“: 50 години од отворањето на најпрепознатливата бензинска станица во земјава

Редакција

Инвестиција од 4,5 милиони евра: Почна изградбата на нов центар за логистички услуги на компанијата „Дени Интернационал“

Редакција