еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) Мала Америка во Кавадарци: Инвестиција од 30 милиони евра во модерен повеќенаменски комплекс

Во Општина Кавадарци започнува инвестицијата од 30 милиони евра на наш сограѓанин кој живее во САД, информираше на Фејсбук, градоначалникот Митко Јанчев.

-Како што можете да видете и на официјалната страна на самиот проект, ќе се изгради модерен повеќенаменски комплекс, по највисоките светски стандарди, кој ќе биде единствен во регионот, мол и три станбени згради во новиот центар на Кавадарци, на површина од 65.000 м2.


Во целиот комплекс ќе биде вграден најсoфистициран систем за греење и ладење, кој ќе придонесе за заштеда на електрична енергија до 70%.

Изградбата со целокупната документација од Општина Кавадарци е веќе започната, информира Јанчев.

Комплексот се гради во прва фаза и ќе биде завршен и пуштен во употреба до август 2025 година.

Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тупанчевски поднел оставка на 10, а правно мислење за еврообврзницата му побарале на 15 февруари

Редакција

Во недела започнува летното сметање на времето: Часовникот се поместува еден час нанапред

Редакција

(Фото) Пендаровски со семејството на велигденска литургија во храмот „Свети Никола“ во Охрид

Редакција