еМагазин
Image default
Македонија

До крајов на неделава првични податоци од скринингот за имунитет на граѓаните во Скопје, скринингот во училиштата продолжува утре

Серолошкиот скрининг на граѓани по случаен избори за испитување антитела е се уште во тек. Заклучно до денеска се собрани 800 примероци од жители на Скопје и 200 примероци од жители на Битола.

До крајот на неделава се очекуваат првични податоци за серопреваленца во Скопје, а од следната недела и за другите градови од државата, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Во врска со скринингот на учениците за Ковид-19, од Министерството посочуваат дека тој денеска се спроведувал во основните училишта во Бутел, Кисела Вода и Чаир, а согласно планот, тој ќе продолжи и утре.

Скринингот на учениците почна во петокот кога беа опфатени основните училишта „Блаже Конески”, „Круме Кепески“, „Невена Г.Дуња“ и „Гоце Делчев“.

Дополнително, по обработка на податоците, јавноста навремено ќе ја информираме за наодите, како и за останатите аспекти од текот на скринингот, потенцираат од Министерството за здравство.

МИА/Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новите мерки за влез и излез во Македонија ќе почнат да важат за една недела или десетина дена

Редакција

На граничниот премин Евзони откриени 90 килограми канабис во камион од Македонија

Редакција

Возачот на комбето и лицата кои побегнаа од штипската болница немаат корона вирус, се чекаат резултати за едно лице

Редакција