еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Спорот со Бугарија ќе се решава преку нов документ, дел од решението ќе влезе во преговарачката рамка

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска на брифингот со новинарите оцени дека се наоѓаме во посензитивен период во разговорите со Бугарија и оти дијалогот ќе продолжи на ниво на експерти и политички групи.

Тој вели дека целта е ова прашање да биде затворено еднаш засекогаш и да не ни се отвора повторно, преку сеопфатен документ којшто би бил протокол или декларација, каде ќе се ставаат сите документи важни за сите страни.

– Португалскиот предлог останува се уште важечкото решение по кое што се разговара. Ние сакаме да го затвориме ова прашање еднаш засекогаш и да не ни се отвора повторно.

Ниту сакаме ова прашање да го решаваме во парчиња, туку да имаме еден сеопфатен документ што би бил протокол или декларација, каде ќе се ставаат сите документи важни за сите страни и со кои ќе се заокружи ова прашање.

Тоа ни гарантира нам дека нема да има отворање нови прашања или пак ќе има асиметрично исполнување од едната или од другата страна, дециден е Османи.

Министерот појасни дека согласно Договорот од 2017 постои инструмент Меѓувладина комисија која секоја година потпишува протокол за имплементација на договорот.

– Тоа е документ што има три дела, веќе е усвоен еден таков пртоокол и потпишан од комисиите, едниот дел е секторската соработка, другиот дел се политичките односно плановите за нареднаа година, и трето е работата на историската комисија.

Тоа е согласно договорот, веќе еден протокол е потпишан, ние не успеавме да организираме меѓувладина комисија заради тоа што ескалираше спорот и немавме можност. Меѓутоа, тој документ е во тој дух на тие протоколи што се усвојуваат меѓу две владит согласно договорот, а којшто утврдуваат начин на имплементација на договоорт, рече Османи.

Тој потсети дека се одржа нова рунда политички разговори на највисоко ниво, во кои повторно биле презентирани ставовите и позициите на двете страни, а во меѓувреме имале и комуникација и координација со европските партнери.

Во одговор на прашањето дали дел од билатералните теми за кои сега се преговара меѓу Скопје и Софија, би станале дел од преговарачката рамка, Османи рече дека за Преговарачката рамка прво одлучува ЕУ, бидејќи земјите-членки треба да ја прифатат преговарачката рамка.

– Сите 27 треба да кажат да. Има членки кои се многу сензитивни на прашањето на билатерализација на европскиот процес, за внесување на било што во преговарачката рамка.

Прво тие треба да ја усогласат и да кажат „да“, за потоа ние да ја прифатиме. Ниту без нив, ниту без нас, не може да се усвои преговарачката рамка. Затоа сега се усогласуваме и билатерално, што би било прифатливо за нас во преговарачката рамка, а што би било за земјите-членки, потенцира Османи.

Тој кажа дека нашиот принцип во овие преговори е дека ништо не е договорено, додека се не е договорено. Што значи дека во оваа фаза ние кажуваме ставови во однос на тоа што би можело да биде прифатливо, што не може да биде прифатливо.

– Така да сите овие кажувања во овој период се перцепции од ставовите на едната и на другата страна. Меѓутоа, се додека не се договори се, и не се стави на хартија се, и на тоа се обврзат двете страни по однос на сите тие аспекти и за тоа има одредена меѓународна гаранција, не би кажал што во овој период имаме договорено, но да, имаме ставови по однос на прашања што сме ги кажале на бугарската страна што би можело да биде прифатливо, а за што не може да се разговара и да биде прифатливо, појасни Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петков откри дека со Ковачевски се согласиле ЕУ да биде гарант дека Бугарите ќе влезат во македонскиот Устав, Димитров објаснува што значи тоа

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детали за авионската несреќа кај Кавала: Сите загинати се украински државјани

Редакција

Убава вест: Мерката 14.500 денари по вработен, можат да ја користат и занаетчии, фризери, козметичари, земјоделци…

Редакција

Се уште нема ни сопствен стан, ни автомобил: Каков имот пријавил премиерот Зоран Заев

Редакција