еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Возачот на комбето и лицата кои побегнаа од штипската болница немаат корона вирус, се чекаат резултати за едно лице

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска изјави дека единствената пациентка која што е позитивна на корона вирус е во добра општа здравствена состојба и се лекува на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

„Единствената пациентка којашто се лечи на инфективната клиника е во добра општа состојба. Веќе втор ден нема температура, претпоставувам дека многу скоро ќе почне и закрепнувањето.

Негативен е резултатот на возачот, којшто го управувал комбето, во коешто патувала пациентката која се лечи на инфективната клиника. Поради секоја можна варијанта тој и понатаму ќе остане во домашна изолација, во текот на следните денови, се до четиринаесеттиот ден, кога завршува периодот на инкубација, а потоа лекарите специјалисти, инфектолози, епидемиолози ќе одлучат дали и повторно ќе се тестира“, потенцираше министерот Филипче.

Филипче потенцираше дека се негативни резултатите и на пациентот кој вчера заедно со девојката побегнале од штипската болница.

„Исто така е негативен тестот на пациентот кој со симптоми се јавил преку виничкиот здравствен дом на инфективното одделение во штипската болница“, рече министерот Филипче и додаде дека утрово разговарал со конзулот, нема податоци дека има заболени наши државјани, ниту пак наши државјани кои се во карантин и кои живеат во регионот на Северна Италија.

Денеска се чекаат резултати од жена која се јавила утрово на Инфективна клиника со симптоми на респираторна инфекција. Истата е изолирана.

„Таа патувала во критичниот регион во Северна Италија. Во земјава се вратила на 26 февруари“, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Имунитетот е најдобар сојузник во борбата против корона вирус, како да го подобрите

Пресметавме колкави се шансите секој од нас да заболи од корона вирус и каква е стапката на смртност

Како се лекуваат пациентите заразени со корона вирусот?

Како да се заштитите од корона вирусот: АПЕЛ за целосно почитување на превентивните мерки

На овие телефонски броеви може да се јавите при сомнителни симптоми на корона вирус

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вакцинирани повеќе од 2.000 македонски државјани во Белград, денеска и утре се вакцинираат и 1.700 во Ниш

Редакција

Ќе останат ли Скопјани без јавен превоз: Арсовска вели дека Владата има долг кон ЈСП, од таму демантираат

Редакција

На Нов Зеланд прв смртен случај по примена Фајзер вакцина

Редакција