еМагазин
Image default
Локално

Доделени наградите за најдобриот пожарникар, полицаец и крводарител во Скопје

Градоначалникот Петре Шилегов ги додели наградите на најдобриот пожарникар, полициски службеник и крводарител во Скопје за 2020 година.

„Скопје е град на солидарноста и ние ја чуваме таа традиција, а хуманоста и солидарноста стана дел од нашите животи, од начинот на живеење на скопјани. Во овие тешки времиња, особено тешки животни услови и ситуации предизвикани од Ковид-19, не можеме да ги заборавиме оние што се истакнале со својата хуманост преку своите дела.

Се надевам дека овие награди ќе бидам мотив за добитниците, за нивни колеги, како и за сите нас, како колеги и граѓани да бидеме похумани и посолидарни и да се обидеме да помогнеме секогаш кога можеме, кога на некого ќе му биде потребна помош“, рече Шилегов.

За своите заслуги во работењето и за својата пожртвуваност награди добија:

Никола Мајнов, пожарникар спасител во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, најдобар пожарникар за 2020 година.

Дарко Јовановски, вработен во Полициска станица од општа надлежност „Гази Баба“, кој ја добива наградата за најдобар полициски службеник.

Звонко Васев е истакнат крводарител кој ја потврдил својата хуманост со 89 дарувања крв и ја добива наградата за крводарител на годината.

Фото: Фејсбук/Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Криумчарите уриваат рекорди: Во „БМВ“ возел 10 мигранти

Редакција

Две ваги на кратко го блокираа сообраќајот на „Партизанска“

Редакција

Со пиштол застрелано куче скитник во Ново Лисиче

Редакција