еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Бајрами: Се поголем број граѓани кои посетуваат лекар поради стомачен вирус, излегуваат позитивни на Ковид-19

Сè повеќе деца и возрасни кои изминативе денови се пожалиле на стомачни тегоби, по направени анализи и испитувања, се покажало дека се позитивни на коронавирусот, вели за „Слободен печат“ раководителката на секторот епидемилогија во Центарот за јавно здравје, Љуљзиме Бајрами.

– Ние и порано суспектните на ковид ги прашувавме дали имаат стомачни проблеми, односно дијареа и повраќање, но сè до неодамна ретко некој позитивно одговараше на ова прашање од анкетниот прашалник.

Забележуваме дека изминативе десетина дена се поголем е бројот на граѓани кои лекар посетуваат поради стомачни тегоби, а откако матичните лекари ќе ги препратат на дополнително испитување, се потврдува дека се позиитивни на ковид, вели Бајрами.

Бајрами порачува граѓаните да не ги занемаруваат стомачните тегоби.

– Апелирам до граѓаните, покрај веќе познатите симптоми на коронавирусот, како кашлање, покачена температура и губење на сетилата за мирис и вкус, да не ги занемарат и стомачните симптоми, вели за СП, Бајрами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српски лекар: Ковид-19 мутира, луѓе мислат дека имаат стомачен вирус, а всушност се ковид-позитивни

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сопругата на Оливер Драгојевиќ се огласи по погребот: Едвај преживеавме, но бевме горди

Редакција

(Галерија) Работниците од трета смена изненадени со „Флерт Кафица“ за полесно минување на ноќта

Редакција

Денеска почнува пролетта, сончeво и топло време со температура до 21 степени

Редакција