еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Доктор Беќаровски: “Синофарм“ е идеална вакцина за тие што прележале Ковид-19, ама има две маани

Професорот и доктор на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски на неговиот Фејсбук-профил објави 10 факти за кинеската вакцина „Синофарм“, со која досега се вакцинирани најмногу македонски граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмногу македонски граѓани вакцинирани со кинеската „Синофарм“

“Овие денови една студија спроведена кај нашиот северен сосед предизвика многу дилеми и стравови кај нашите граѓани кои сублимирано имаат еден заеднички именител: “Дали кинеската вакцина е ефикасна ?”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студија во Србија: 20% од ревакцинираните со кинеската вакцина „Синофарм“ не развиле антитела

Еве неколку факти, а заклучоците изведете ги сами.

Sinopharm и Sinovac се единствените “прави” вакцини, во широка употреба, направени на стариот начин, на кој се произведуваат стотина години наназад, со “умртвување” на вирусот, кој потоа се вбризгува во нашето тело и го “буди” КОМПЛЕТНИОТ наш имунолошки систем.

Ниту една вакцина во историјата на човештвото не успеала да биде 100% ефикасна, бидејќи човекот не е машина и нема две идентични индивидуи (освен ако некаде во некоја лабораторија не е направен клон).

Производителот на Sinopharm, декларираше ефикасност од околу 66-80%, а сличен резултат објавија и нашите новосадски колеги. Што точно значат овие бројки?

Од 100 вакцинирани со вакцинава, ако сите дојдат во контакт со голема количина на SarsCov-2 вирусот, 80 кои имаат веќе “наоружана војска” ќе го убијат вирусот пред да влезе на нашата територија. Што ќе се случи со останатите 20?

Кај нив вирусот ќе успее да освои мал дел од територијата, но организмот ќе успее веднаш да ја активира својата “цивилна одбрана”, бидејќи веќе има мемориска информација за непријателот и по краткотрајна борба, организмот ќе ја добие војната.

100 невакцинирани ако дојдат во контакт со голема количина на вирусот 20 ќе успеат да го совладаат вирусот уште на “самата граница” а кај 80 тој ќе навлезе во територијата. 60 ќе успеат со релативно мали “жртви” да го совладаат, но кај 20 ќе создаде сериозни или катастрофални последици, кои ќе бараат долготрано лечење и голем процент на постковидни секвели. За жал 3 ќе ја загубат војната.

Ако веќе научно се докажа дека “синтетските вакцини” за Ковид-19, како Pfizer, AstraZeneca, Modetna, SputnikV, создаваат хуморален и клеточен имунитет (news-medical.net) тогаш повеќе од сигурно е дека и Sinopharm, која е од цел вирус го буди целуларниот имунитет.

Ако истражувањето од Србија сугерира дека единствено драстично е намалена ефикасност на околу 60% кај популацијата над 60 години, кај нас за среќа оваа популација во главно беше вакцинирана со AstraZeneca.

Се докажа и покажа дека оваа вакцина е идеална за сите кои го прележале вирусот.

На Сејшелските острови, каде сите се вакцинирани со оваа вакцина, факт е дека има благ пораст на позитивни, но има драстичен пад на хоспитализирани и драматичен пад на починати.

Ако Pfizer, Moderna, AstraZeneca, излегоа со студии дека нивните вакцини се безбедни за доилки и трудници (иако јас лично никогаш не би препорачал вакцинација до крајот на третиот месец од бременоста) тогаш оваа вакцина и без испитувања сигурно го исполнува тој критериум.

Ако се плашите од новите вакцини дека можеби ќе предизвикаат автоимуни заболувања или генетски модификации, тој страв со оваа вакцина е комплетно неоснован.

КОИ СЕ ДВЕТЕ НАЈГОЛЕМИ МААНИ на оваа вакцина?

Дупло подолгиот период потребен за создавање на комплетниот имунитет.

Цената, бидејќи оваа вакцина поради нејзиниот состав мора да биде најскапа“, пишува тој на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Пановски: Ако се престане со вакцинирање со кинеските вакцини, а немате други ќе биде катастрофа

Доктор Даниловски за СП: Тие што не развиле имунитет после две дози “Синофарм“, треба да се вакцинираат со “Фајзер“

Д-р Петличковски: Да се размислува за трета доза од друга вакцина за лицата кои со „Синофарм“ нема да развијат антитела

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Канцерогениот ребрест чипс со вкус на пиперка е од чачанскиот производител Chips way

Редакција

Блумберг: ЕУ пред крах со вакцинирањето, обезбедени само 8,9 милиони дози

Редакција

Референдумите за присоединување на украински региони кон Русија успешни, тврдат проруските власти

Редакција