еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Студија во Србија: 20% од ревакцинираните со кинеската вакцина „Синофарм“ не развиле антитела

Една петина од вакцинираните со кинеска вакцина „Синофарм“ во Србија немаат очекуван резултат од вакцинацијата и тоа се главно лица постари од 70 години, покажува студија на Институтот за медицински истражувања, објави српска Политика.

Студијата која од февруари ја спроведува научен тим од Центарот за медицински истражувања во Белград, покажува дека 20 отсто од ревакцинираните со „Синофарм“ вакцината во Србија не развиле антителата на коронавирусот.

За еден дел од таа група испитаници кои покажале некаков одговор, макар тоа било и под референтните вредности може да се очекува во случај на контакт со вирусот да бидат барем делимуно заштитени, но има и такви кои ниту малку не реагирале на вакцината, пишува Политика.

Докторите од Институтот сега се прашуваат како вторите ќе се заштитат од заразата и кога ќе добијат следна вакцина на која организмот би требало да реагира.

-Тоа е дел од популацијата која беше и најревносна во вакцинацијата. Многумина од нив имаат хронични болести и сакаат да се заштитат од Ковид-19. Многу ни е тешко да им објасниме дека сѐ уште не постои можност да добијат некоја друга вакцина.

А тука е делот од граѓаните кои работат на такви работни места, па постојано се во контакт со луѓе и стравуваат од заразата, вели за Политика, д-р Олгица Ѓурковиќ Ѓаковиќ, научен советник на Институтот.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за финансии вработува 16 службеници

Редакција

„Провинцијалците платија да се исчисти метрополското ѓубре„: Твитер реакции за ѓубрето во кое се „дави„ Скопје

Редакција

Апасиев: Враќањето на иницијативата за референдум од страна на Џафери е само купување време

Редакција