еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Разговарајте со вашите блиски и пријатели и тие што се двоумат да се вакцинираат

Само со масовна вакцинација на што поголем број граѓани ние ќе спасиме човечки животи и ќе ставиме крај на пандемијата. По три силни брана вирусот конечно стивнува, сега го имаме најсилното оружје за борба со вирусот – вакцината, порача министерот за здравство Венко Филипче во видео обраќање.

–Колку побрзо и повеќе граѓаните се вакцинираат толку побрзо ќе ги прославуваме поводите за радост, родендените на саканите и свадбите на блиските. Вакцинацијата ни ја враќа слободата да ги прегрнеме нашите блиски, роднини, баби и дедовци, вели Филипче.

Тој ги повикува сите граѓани да бидат амбасадори на имунизацијата и во што поголем број да се пријавата на сајтот vakicnacija.mk и да ги поттикнат и убедат своите сограѓани да го направат истото.

-Разговарајте со вашите пријатели и блиски или со оние кои се уште се двоумат дали да се вакцинираат и пренесете има ја пораката зошто е важно секој да се вакцинира.

Бидете амбасадори на имунизацијата која значи враќање на безбедноста и слободата. Да си помогнеме себеси и на другите, да се вакцинираме и да се заштитиме, порачува во видео обраќањето министерот Филипче.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за „Таргет -Тврдина”

Редакција

Корона вирусот „влезе“ во Психијатриската болница во Демир Хисар: Заболени 17 пациенти и двајца вработени

Редакција

И ВМРО-ДПМНЕ закажа конгрес на партијата, ама во ноември

Редакција